Дома Фудбал Чурлинов одигра одличен натпревар за Шалке

Чурлинов одигра одличен натпревар за Шалке

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов одигра одличен натпревар во ремите на Шалке против Хамбургер (1:1).

Чурлинов промаши зицер во второто полувреме, меѓутоа кога ќе се погледне статистиката може да се се заклучи дека македонскиот репрезентативец одиграл одличен натпревар.

Чурлинов креираше седум шанси за гол и тоа беше најмногу натпреварот, дриблаше без грешка (18/18), а беше добар и во пас играта со 87 точни додавања од 92 обида.

Откако се врати од повредата Чурлинов добива простор за игра, а имаше и пофалби од спортскиот директор на Шалке за неговите добри настапи на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Удар за Јунајтед: Шешко ја заврши 2026 година, враќање најрано во јануари

Повредата на потколеницата го оддалечува Бенјамин Шешко од терените до најмалку јануари 20…