Дома Фудбал Чудна ситуација во Португалија: Од сред натпревар во карантин!

Чудна ситуација во Португалија: Од сред натпревар во карантин!

Португалската лига е првенство во сенка на првите топ 5 првенства, но сепак се следи во Европа.

Токму во ова првенство вчера видовме една необична ситуација. Имено, резервниот голман на Беленсенсес практично бил избркан од клупата на полувремето на натпреварот и испратен во карантин.

„На полувремето играчот Андре Мориера мораше да го напушти теренот со одлука на здравствените власти и докторот Грејс Фреитас кој заклучи дека не биле почитувани мерките за претпазливост и дистанца“, стои во соопштението.

Проблемот бил во тоа што Мореира ја делел собата со соиграчот Монтеиро кој една недела претходно бил позитивен на коронавирус. Поради тоа тој не смеел да биде во конкуренција за овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…