Дома Фудбал Репрезентации Човекот кој одлучува даде одговор на прашањето – дали Ибра ќе игра на Мундијалот!

Човекот кој одлучува даде одговор на прашањето – дали Ибра ќе игра на Мундијалот!

Изгледа денес е ден за отстранување на некои големи дилеми, по потврдата за заминувањето на Арсен Венгер, добиваме и одговор на уште едно големо прашање – ќе игра ли Златан Ибрахимовиќ на Светското првенство во Русија?

Ибрахимовиќ неодамна на големо зборуваше за можностите да настапи на Мундијалот, дури и најави дека има големи шанси да настапи, а денес по повод ова прашање зборуваше човекот кој одлучува, селекторот на Шведска.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Шведска, Андерсон потврди дека Златан сигурно нема да биде во Русија како репрезентативец на Шведска.

„Не, апсолутно не! Тој веќе кажа дека нема да игра и се договоривме. И другите играчи кои се простија од репрезентацијата не се во плановите за Мундијалот. После Европското првенство во Франција заедно со Златан се простија уште неколку играчи и тоа го почитувам. Не можам да ги разберам гласините во медиумите и она што Ибрахимовиќ го зборува“, изјави Андерсон.

Да потсетиме, Шведска без Ибрахимовиќ е се избори за настап на Мундијалот и тоа откако во баражот ја исфрли Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…