Реал Мадрид ова лето прави вистинска „чистка“ во тимот и тоа по барање на тренерот Зинедин Зидан.
После заминувањето на Хамес Родригез, во следните денови ќе биде официјализиран и трансферот на Герет Бејл во Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие двајца фудбалери беа најголем „проблем“ за Реал Мадрид со оглед на фактот што беа во лоши односи со тренерот Зинедин Зидан.
Зидан побарал од раководството да заминат сите фудбалери за кои нема место во тимот и дал „зелено светло“ клубот да се ослободи од Лука Јовиќ.
„Марка“ тврди дека Реал сега е спремен да го пушти српскиот напаѓач на позајмица, бидејќи во следната сезона како резерва на Бензена ќе биде Маријано Дијаз.
Најсилен интерес за Јовиќ покажува Милан, па „росонерите“ ќе се обидат до крајот на преодниот рок да го донесат напаѓачот на позајмица со откуп следното лето.