Дома Фудбал Останато Чиро Блажевиќ: Свесен сум за мојата ситуација, сакам само да заминам без болки

Чиро Блажевиќ: Свесен сум за мојата ситуација, сакам само да заминам без болки

Еден од најдобрите фудбалски тренери на сите времиња на овие простори Мирослав Чиро Блажевиќ е во тешка состојба откако откри дека ракот му се врати и сега ги зафатил и коските.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Блжаевиќ во интервју за „Јутарњи Лист“ зборуваше дека повеќе не е оптиомист како што беше во претходните случаи. Наодите од неговите испитувања сега биле алармантни и тој не е во добра состојба.

„Наодите се навистина лоши. Ракот се проширил на коските и на карлицата. На првиот преглед кога ми кажаа дека ситуацијата не е добра ПСА-вредностите беа четири. Следниот пат тие беа девет, а на последните преглед вредноста беше 20“.

Свесно зборуваше дека знае дека му доаѓа крајот.

„Некое време веќе ги нема Томислав Ивиќ, Ото Бариќ, Влатко Марковиќ, Цио Крањчар…Си заминаа нашите тренерски великани, па не можам ниту јас да останам вечно. Помирен сум со ситуацијата во која се наоѓам, се што сакам е да заминам без болки“, истакнал Блажевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…