Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин во интервју за португалски „Рекорд“ откри дека на претстојното Европско првенство ќе навива за македонија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Чеферин од септември 2016 година дојде на местото претседател на УЕФА и го наследи Мишел Платини. До доаѓањето на клупата тој беше прв човек на словенечкиот фудбал.
„Моите симпатии на ова ЕП се упатени кон Македонија“, изјави Чеферин.
Инаку, Словенија утре ќе биде првиот противник на Македонија во двата пријателски натпревари пред стартот на ЕП. Вториот го играме во петок со Казахстан.
