Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин не ја поддржува идејата Светското првенство да се игра на секои две години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Чеферин се обрати до членовите на генералното собрание на ЕКА во Женева и го коментираше предлогот Мундијалот да почне да се одржува на секои две години, место како досега на четири.
„Таквиот предлог не ми се допаѓа. Вредноста на Светското првенство е поврзана со тоа што поретко се одржува. Со одржување на Светското првенство на секои две години тоа би станало обичен турнир и неговата популарност би се намалила“, изјави Чеферин.
ФИФА Светското првенство го организира на секои четири години од 1930 година. Исклучок е периодот на Втората светска војна.