Дома Останати Четирите порази на Мекгрегор: Изгуби од анонимец и беше нокаутиран за 30 секунди! (ВИДЕО)

Четирите порази на Мекгрегор: Изгуби од анонимец и беше нокаутиран за 30 секунди! (ВИДЕО)

mcgregor

Ирецот дефинитивно не сака да се сеќава на овие борби.

Конор Мекгрегор против Кабиб Нурмагомедов го доживеа четвртиот пораз во ММА кариерата, веројатно тој беше и најболниот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барем на „душата“, со оглед дека целиот свет зборува за „давењето“ кое го доживеа во текот на викендот и после кое мораше да ја предаде борбата.

Поразот од Дагестанецот беше еден од четирите кои ги доживеа, а првиот датира уште од 2008 година. Интересно, видеото од таа борба се појави само на неколку дена пред борбата со Кабиб.

Конор тогаш беше поразен од анонимецот Артеми Стенков.

Потоа две години подоцна за 30 секунди е нокаутиран од Џозеф Дафи. Тоа беше дуел на двајца Ирци.

https://youtu.be/lkjwIZhT5hg

Во летото 2016 година Мекгрегор изгуби од Нете Диаз на УФЦ 196.

Ирецот до таа борба беше на врвот и зад себе имаше 15 борби без пораз. Сепак, потклекна во втората рунда.

https://youtu.be/bj9iiRuu-Cg

Неколку месеци подоцна, Конор повторно се бореше со Диаз и му се одмазди со судиска победа (48:47, 47:47, 48:47).

Сега на големо се пишува и за реванш со Кабиб, а таа борба би можела да се одржи пред 100.000 гледачи на стадионот „Лужњики“ во Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…