Дома Топ вести Челзи ја доби битката: Вернер се сели на „Стенфорд Бриџ“

Челзи ја доби битката: Вернер се сели на „Стенфорд Бриџ“

Еминентнииот германски весник „Билд“ пренесува дека Челзи ја добил битката за потписот на ѕвездата на Лајпциг, Тимо Вернер.

Вернер е еден од најбараните напаѓачи на трансфер пазарот и за неговиот потпис се бореа неколку европски гиганти, а Ливерпул важеше како фаворит за неговиот потпис.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа, „црвените“ не сакаа да ја платат откупната клаузула од 60 милиони евра, па таквата ситуација ја искористи Челзи.

„Сините“ веќе се договориле со Вернер кој ќе потпише договор до 2025 година и на „Стенфорд Бриџ“ ќе заработува 10 милиони евра годишно.

Челзи веќе го информирале Лајпциг дека ќе ја платат откупната клаузула од 60 милиони евра, која важи до 15 јуни, па наскоро се очекува официјализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…