Дома Топ вести Челзи тргнува по Донарума, Милан го сака Мората

Челзи тргнува по Донарума, Милан го сака Мората

0

Приоритет на Челзи ова лето ќе биде доведување на врвен голман како замена за Тибо Куртоа, кој е на чекор од трансфер во Реал Мадрид.

Откако ја загуби битката за потписот на Алисон, сега „сините“ ќе се насочат кон други мети, а на врвот на листата желби е младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари одлично го познава својот сонародник и смета дека ќе биде долгорочно решение бидејќи Донарума важи за еден од најдобрите млади голмани во светот.

„Сините“ се спремни наскоро да почнат преговори со Милан, кој е спремен да го продаде Донарума за сума од 60 милиони евра.


Следете го Sportski.mk и на


Италијанските медиуми не исклучуваат можност за трампа, со оглед на фактот што примарна трансфер цел на „росонерите“ е Алваро Мората, кој пак е на излезна врата од „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јаја Туре вчера доби отказ во Олимпијакос, а веќе денес е во Англија

Искусниот фудбалер Јаја Туре (35) вчера доби отказ во грчки Олимпијакос. Овој 35 годишен ф…