Дома Трансфер зона Челзи спреми 50 милиони за Ричарлисон

Челзи спреми 50 милиони за Ричарлисон

Напаѓачот на Евертон и бразилски репрезентативец, Ричарлисон на лето сигурно ќе го напушти клубот.

Бразилецот е на мета на Тотенхем и Челзи и веќе го известил раководството на „карамелите“ дека сака трансфер.

Евертон имаше лоша сезона и се бореше за опастанок, а Ричарлисон сака да направи чекор напред и да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.

Напаѓачот има договор до 2024 година, а Евертон за неговата слобода бара 50 милиони фунти.

Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Бразилецот силен интерес покажува и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ја понижи Барселона: Парите за Левандовски ги сака веднаш, бидејќи смета дека за една година клубот ќе банкротира

Сагата околу трансферот на Роберт Левандовски во Барселона се уште трае, а Баерн Минхен не…