Дома Топ вести Челзи спрема чистка – еве кој заминува!?

Челзи спрема чистка – еве кој заминува!?

Челзи оваа сезона „потфрли“, па најверојатно нема да избори пласман во Лига на шампиони следната сезона. Англиските медиуми тврдат дека дури девет фудбалери би можеле да го напуштат „Стенфорд Бриџ“ на лето.

На списокот фудбалери кои на лето би можеле да ја променат средината се Еден Азар, Тибо Куртоа, Цеск Фабрегас, Педро, Гери Кејхил, Давид Луиз, Оливие Жиру, Курт Зума и Мичу Бачуаи.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


После сезоната во која „сините“ не освоија ниту еден трофеј и најверојатно ќе останат и без пласман во ЛШ, на излезна врата е и тренерот Антонио Конте.

Белгиските репрезентативци и најголеми ѕвезди на тимот, Азар и Куртоа најверојатно нема да го продолжат договорот со клубот бидејќи сакаат да играат во Лига на шампиони.

Фабрегас, Педро, Кејхил и Давид Луиз на лето влегуваат во последната година од договорот, па клубот ќе мора да го продаде за да заработи од нивното заминување. „Сините“ немаат намера да им понудат нови договори со оглед на фактот што сите се постари од 30 години.

Иднината на Зума и Бачуаи, кои се на позајмица во Бортмунд и Стоук, пак ќе зависи од тоа кој ќе го предводи тимот следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…