Откако Ромелу Лукаку го напушти Челзи, „сините се во потрага по напаѓач, а последните информации се дека започнале преговори за доведување на Обамејанг.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Челзи ја разгледува можноста за ангажман на Габонецот. Тие веќе стапиле во контакт со претставниците на Барселона и испитуваат можноста за да го доведат.




Барселона оваа сезона го доведе Роберт Левандовски, па јасно е дека минутажата на Обамејанг ќе се намали. Дали тоа ќе биде доволно за и тој да има желба да се врати во Англија останува да покаже времето до крајот на преодниот рок.