Дома Фудбал Челзи руши рекорд за 17-годишник. Ќе биде најскапиот играч во историјата на континентот

Челзи руши рекорд за 17-годишник. Ќе биде најскапиот играч во историјата на континентот

Челзи во последните години троши огромни суми на трансфери, а последниот потег покажува дека нема намера да застане тука.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фабрицио Романо пишува дека лондонскиот клуб испратил понуда вредна 65 милиони евра за Естевао Вилијан, 17-годишниот крилен напаѓач на бразилски Палмеирас.

Палмеирас претходно ја одби понудата на Челзи од 57 милиони евра (32 фиксни + 25 бонуси), а доколку ја прифатат младиот Бразилец би станал најголемиот трансфер на играч од јужноамерикански клуб.

Актуелен рекордер е Ендрик, соиграчот на Вилијан од Палмеирас, чиј трансфер во Реал ќе се случи летово, а неговата вредност со бонуси е 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп отворено му се извини на Нагелсман: Сфатив дека сѐ уште се однесувам како будала

Јирген Клоп му се извини на селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман во …