Дома Трансфер зона Челзи пронајде напаѓач и спремни 53 милиони фунти!

Челзи пронајде напаѓач и спремни 53 милиони фунти!

0

Челзи сака во зимскиот преоден рок да донесе напаѓач, бидејќи Сари не е задоволен од учинокот на Мората и Жиру, а прво име на списокот е Криштоф Пијатек.

Напаѓачот на Џенова игра фантастична сезона во Серија А, откако постигна 14 гола на 15 натпревари во сите натпреварувања.

Многу европски гиганти се заинтересирани за полската „гол машина“, па поради тоа Челзи спрема понуда и го сака Пијатек уште во јануари.

Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ се спремни да понудат 53 милиони фунти за 23-годишниот полски репрезентативец.

Раководството на Челзи знае дека мора да го засили тимот во јануари, особено нападот, каде Мората и Жиру разочараа пред голот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бенатија откри: Летово ме бараше Милан

Поранешниот дефанзивец на Рома, Баерн Минхен и Јувентус, Мехди Бенатија откри дека ова лет…