Дома Фудбал Челзи призна: Не можеме да се договориме со фудбалерите!

Челзи призна: Не можеме да се договориме со фудбалерите!

Раководството на Челзи и фудбалерите не успеаа да постигнат договор за размерот на евентуалното намалување на платите поради кризата, потврдија од клубот.

Пред неколку дена раководството побара од фудбалерите да ја намалат платата за 30%, но тие одговорија дека се спремни да се откажат само од 10% од платата. Преговорите помеѓу двете страни ќе продолжат и во наредните денови.

Финансиските службеници на „сините“ се надеваат да спасат помеѓу 8 и 10 милиони фунти од кратењето на платите на фудбалерите. Челзи се уште ги исплаќа целите плати на фудбалерите, притоа помага со 78.000 порции храна во Националната банка за храна.

Проблем со намалување на платите имаше и Арсенал, кој на крајот после долги преговори постигна договор да ги намали платите на фудбалерите за 12,5% во период од една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Протестите го прекроија распоредот во Лига 1: Три меча добија нови термини

Натпреварите во Лион, Ница и Лоријан се преместени по барање на властите, бидејќи безбедно…