Дома Топ вести Челзи му даде неколку дена на Диего Коста за преговори со Атлетико

Челзи му даде неколку дена на Диего Коста за преговори со Атлетико

Диего Коста речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во својот поранешен клуб Атлетико Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот клуб на Бразилецот со шпански пасош, Челзи, соопшти дека на Коста му дал неколку слободни денови за да ги договори деталите околу трансферот во Атлетико.

Атлетико нема право да регистрира фудбалери во овој преоден рок, поради што напаѓачот би можел да биде позајмен во некој друг тим, а според информациите најголем интерес покажал Бешикташ.

Тимот од Мадрид слично постапи со Витоло кого го купи од Севилја и веднаш го испрати на позајмица во Лас Палмас.

Диего Коста во летниот преоден рок во 2014 година, од Атлетико се пресели во Челзи за сума од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…