Квадво Асамоа на лето ќе биде слободен агент бидејќи одлучи да не го продолжува договорот со Јуветус, а неговата иднина се уште е нејасна.
Медиумите подолго време тврдеа дека сигурно кариерата ќе ја продолжи во Интер, но „нероаѕурите“ се уште немаат конечен договор со фудбалерот, па други клубови можат да го „украдат“ фудбалерот.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Интер е во пол-позиција за неговиот потпис, но не е сигурно дека ќе се пресели во Милано. Го сакаат и други клубови, се уште нема донесено конечна одлука“, изјави неговиот агент.
Италијанските медиуми пренесуваат дека во трката за неговиот потпис се приклучил и Челзи. „Сините“ го сакаат во своите редови поради фактот што може да игра на повеќе позиции.
Во моментов Челзи му нуди на Асамоа поголема плата, но Интер му нуди подолг договор, па останува да видиме за што ќе се одлучи самиот фудбалер.