Челзи нема да жали пари за ѕвездата на Наполи, Виктор Осимене, пренесуваат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Осимен оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а и односите со клубот се нарушени во последно време, па јасно е дека на лето ќе ја промени средината.
Нигериецот неодамна стави потпис на нов договор, но Наполи потврди дека на лето најверојатно ќе биде продаден.
Таквата ситуација сака да ја искористи Челзи, кој и во летниот преоден рок покажуваше голем интерес за Нигериецот.
Приоритет на „сините“ е доведување на врвен напаѓач и нема да жалаат пари да го доведат Осимен на „Стенфорд Бриџ“.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да понуди 130 милиони евра 110 милиони евра, а главен конкурент за потписот ќе биде тимот на Арсенал.
🚨 Chelsea lead Arsenal in the race to sign Napoli striker Victor Osimhen this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 22, 2024
(Source: @TEAMtalk) pic.twitter.com/b9GoqoGMXf