Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага готово сигурно ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Сините“ пред само три години за неговиот потпис платија 80 милиони евра, но Кепа не ги оправда очекувањата и после една сезона беше седнат на клупата.
Тој има статус на втор голман откако пристигна Менди, па и самиот сака да ја промени средината, а Челзи чека понуди.
Кепа има договор со Челзи до 2025 година, а интерес за него покажуваат неколку клубови од Шпанија и Лацио.