Френк Лампард ова лето бара голман кој би го заменил Кепа Аризабалага.
Најскапиот голман во историјата стана статистички најлошиот голман во историјата на Премиер лигата бидејќи прими 54.5% од ударите кон неговиот голман. Лампард разбирливо нема трпение и во последните два натпревари минатата сезона го остави на клупата за резерви.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се пишуваше дека Челзи ја сака резервата на Јунајтед Дин Хендерсон кој минатата сезона беше на позјамица во Шефилд, но тој би бил прескап. „Дејли Мејл“ денес пренесува дека Челзи е заинтересиран за 37 годишниот Бен Фостер кој со Вотфорд сезонава испадна од лигата.
Фостер веќе долги години брани на високо ниво и не би бил прескап, освен тоа веројатно би имал мотив да продолжи во Премиер лигата. Опција е и Вили Кабаљеро кој го менуваше Кепа, но Лампард сепак сака некое друго решение.
Вотфорд за него не би барал премногу па затоа изгледа како најдобро решение за Челзи. Од друга страна се најавува дека Кепа може да биде позајмен во Шпанија.
Аризабалага во Челзи пристигна пред две години за рекордни 80 милиони евра и требаше да биде решение за подолг период, но се покажа како грешка.