Дома Фудбал Челзи го „прегази“ Јунајтед за финале во ФА Купот (видео)

Челзи го „прегази“ Јунајтед за финале во ФА Купот (видео)

Челзи убедливо го победи Манчестер Јунајтед (3:1) и обезбеди финале во ФА Купот против Арсенал.

Првото полувреме беше израмнето, но избраниците на Лампард знаеа да ги искористат сите грешки на противникот.

Пред самиот крај на полувремето Аспиликуета нафрли, Жиру одлично реагираше, а Де Геа ја испушти топката и заврши во голот за предност на Челзи.

На стартот од второто полувреме Мејсон Маунт со одличен шут од 20-тина метри го совлада Де Геа и го зголеми водството на Челзи, додека победата ја завери Хари Мегваер со автоголот во 73-та минута.

Почесниот гол за Јунајтед го постигна Бруно Фернандеш од пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Челси му се истенчи трпението: Фофана и Густо пред излезна врата?

По елиминацијата од Ливерпул во Лига купот, се појавија информации дека Челси размислува з…