Дома Фудбал Англија Челзи вчера донесе радост на Ливерпул, но не беше така пред шест години

Челзи вчера донесе радост на Ливерпул, но не беше така пред шест години

Вчера Челзи го победи Манчестер Сити со 2:1, а на овој триумф на „сините“ најмногу се израдуваа во Ливерпул затоа што „црвените“ и математички ја обезбедија титулата во Премиер Лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ако сега се рауваа после победата на Челзи пред шест години „сините“ му ја одземаа титулата на Ливерпул.

Навивачите на Ливерпул не сакаат, но сигурно се сеќаваат на моментот од сезоната 2013/2014 кога Џерард се лизна против Челзи. Џерард тогаш се лизна, а до топката стигна Демба Ба кој ја погоди мрежата на Мињоле.

Во тој натпревар Челзи играше со комбиниран состав меѓутоа со тој гол на Демба и еден на Торес го „нокаутираа“ Ливерпул кој не успеа да се опорави, па веќе во следното коло испушти предност од 0:3 и така Сити ја освои титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еве зошто беше поништен голот на Уругвај за победа против Зеленортските Острови: Ова правило речиси никогаш не го гледаме… (Видео)

Фудбалската репрезентација на Уругвај направи уште еден голем кикс на Светското првенство.…