Дома Фудбал Челзи бара Германец за тренер, познат првиот фаворит

Челзи бара Германец за тренер, познат првиот фаворит

Челзи оваа сезона не игра според очекувањата, па се погласни се шпекулациите за тренерска смена.

Медиумите на Островот тврдат дека се посериозно размислува да му врачи отказ на Лампард и веќе ја започнале селекцијата за нов тренер.

Во Челзи сакаат да донесат германски тренер за да може најдобро да ги искористи летните засилувања Тимо Вернер и Каи Хаверц, кои до сега не ги оправдаа очекувањата.

„Билд“ потврдува дека еден од главните кандидати е Јулијан Нагелсман, кој со успех го води тимот на Лајпциг.

Покрај Нагелсман, на листата на „сините“ се наоѓа и Томас Тухел, кој неодамна доби отказ од ПСЖ и во моментов е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар пропушти три можности, Силекс остана без гол поради офсајд

Силекс и Вардар заминаа на пауза без голови во Кратово, иако двете екипи имаа ситуации за …