Дома Фудбал Англија Чекањето заврши: Тотенхем ги отвори вратите од новиот стадион! (ФОТО+ВИДЕО)

Чекањето заврши: Тотенхем ги отвори вратите од новиот стадион! (ФОТО+ВИДЕО)

Долгото чекање на навивачите на Тотенхем е завршено!

Откако последен пат Спарсите пред 679 дена го одиграа последниот натпревар на „Вајт Харт Лејн“ клубот официјално го отвори новиот ултрамодерен стадион.

Вредноста на овој проект надминува 800 милиони фунти, а капацитетот на стадионот изнесува 62.062 гледачи. По неколкукратното одложување денес за прв пат Тотенхем ги отвори вратите од новиот дом.

Натпреварот беше пуштен на натпревар на тимот до 18 години против Саутемптон, а се собраа околу 30.000 фанови. Ова практично беше генерална проба пред првиот натпревар на првиот тим кој ќе биде одигран на 3-ти април против Кристал Палас во Премиер лигата.

Пред тој натпревар наредната сабота на овој стадион ќе играат легендите на Интер и Тотенхем и за оваа средба во продажба се пуштени 45.000 билети.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сон го објасни епскиот гол против Барнли

Во саботата Тотенхем го победи Барнли со 5:0, а во овој триумф супер гол постигна Сон Хеун…