Дома Фудбал Останато Чави ќе дебитира против Еспањол!?

Чави ќе дебитира против Еспањол!?

Чави Ернандес може да дебитира како тренер на Барселона во градското дерби со Еспањол на 20 ноември.

Тоа ќе биде прв натпревар на Каталонците после репрезентативната пауза. До тогаш треба да бидат договорени сите детали и Чави да седне на кормилото на „Камп Ноу“.

Според каталонски „Спорт“ веста за назначувањето на Чави за нов тренер може да биде објавена најрано во петок.

Меѓутоа, во петок тимот патува во Селта, па нема да има време Чави да дебитира. Потоа следува репрезентативна пауза кога новиот тренер ќе има повеќе простор да работи со тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонска спортистка во Таранто отпатува со 11 месечно бебе и денес ќе се бори за медал!

Македонската борачка Вероника Консевиќ денес од 19:30 часот ќе има можност да стигне до ме…