Дома Топ вести Чави спрема реконструкција на одбраната, носи засилувања од Челзи и Баерн

Чави спрема реконструкција на одбраната, носи засилувања од Челзи и Баерн

Барселона спрема голема реконструкција во одбраната, а прва желба е дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни 2022 година и тој веќе е слободен да преговара со други клубови.

Барселона сака да ја искористи таквата ситуација, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи дефанзивецот е на мета на многу европски гиганти.

Каталонците веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда за да го донесат Кристенсен на лето без обештетување.

Барселона исто така е заинтересирана и за Николас Зуле од Баерн Минхен, кој исто така на лето ќе биде слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…