Дома Фудбал Чави: Особено сум горд на нив тројца. Ова е нова Барса

Чави: Особено сум горд на нив тројца. Ова е нова Барса

Тренерот на Барселона е презадоволен од настапот на неговиот тим на гостувањето кај ПСЖ, истакна неколку свои фудбалери, но вели дека ништо не е готово.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Голема победа на тешко гостување во Лигата на шампионите. Игравме добро. Добро се браневме и добро напаѓавме. Тактички одигравме многу добро. Тие сменија многу играчи во продолжение, а ние одлично го чувавме Мбапе. Создадовме многу шанси, а Рафиња и Левандовски ја направија разликата. Многу ни помогна и Педри. Многу сум среќен и горд на тимот“, изјави тренерот на Барса, Чави Ернандез на прес-конференцијата по натпреварот и додаде:

Среќен сум и за Кристиенсен за третиот гол. Голема победа, но ова е само половина работа. Натпреварот во Барселона ќе биде тежок. ПСЖ е еден од најдобрите тимови во светот.

Чави беше особено воодушевен од децата на Барса Јамал, Кубарси и Фермин Лопез.

“Мораме да бидеме особено горди на нив. Тие се играчи кои доаѓаат од Ла Масија и затоа се уште повеќе посветени на тимот. Среќен сум бидејќи ова е нова Барса. Тимот е на вистинскиот пат.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо го бара новиот лев бек на Реал меѓу две имиња

Реал Мадрид започнува нова ера под водство на Жозе Мурињо, фокусирајќи се на зајакнување н…