Дома Фудбал Чави не ја сака клупата на Барселона: Има премногу неспортски работи…

Чави не ја сака клупата на Барселона: Има премногу неспортски работи…

Чави Ернандез уште еднаш потврди дека нема намера да седне на клупата на Барселона.

Во разговор за El Pais легендата на каталонскиот клуб зборуваше за евентуално враќање во клубот, од каде пред неколку месеци му беше понудена тренерска улога.

Тогаш ја одби понудата, а тврди дека тоа би го направил и во овој момент.

„Не е вистински момент за враќање. Има многу неспортски работи поради кои сметам дека не е вистинско време. Им го кажав тоа во јануари и од тогаш никој не ме побарал.“ – изјави Чави и додаде:

„Им посакувам се најдобро. Го почитувам Сетиен и тој сака да игра фудбал кој му е потребен на Барселона.“

Шпанскиот стручњак моментално од клупата ја предводи екипата на катарски Ал Сад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид после натпреварот против Бетис доби нов грб 📷

На синоќешниот натпревар помеѓу Бетис и Реал Мадрид имаше многу контроверзни одлуки на суд…