Дома Фудбал Чави му одговори на Енрике: „Таков е, многу се почитуваме, ПСЖ е фаворит поради Дембеле“

Чави му одговори на Енрике: „Таков е, многу се почитуваме, ПСЖ е фаворит поради Дембеле“

Тренерот на Барселона Чави Ернандез имаше подготвен одговор на изјавата на Луис Енрике дека повеќе ја претставува ДНК на Барса отколку актуелeн тренер на каталонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Чави не го прифати тврдењето на Енрике дека Барса е фаворит поради пет европски шампионски титули.

„Имам огромна почит кон Луис Енрике. И двајцата имаме ДНК на Барса, како и Микел Артета и Пеп Гвардиола. И сите четворица сме во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Имам одличен однос со Енрике. Се обидуваат медиумите да создаваме конфликти, но нема“, рече Чави и додаде:

„Тоа што рече дека сме фаворити поради пет титули не значи ништо. Тој е таков. Добро знам колку сме освоиле, учествував во освојувањето на петтата, но не мислам дека затоа сме фаворити. Напротив, ПСЖ е фаворит, затоа што го имаат Осман Дембеле“, истакна Чави.

Натпреварот ПСЖ – Барселона е закажан за вечерва од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто Барселона не го повлече дресот со број 10 на Меси? Специјалното правило го објаснува тоа

ЛИОНЕЛ МЕСИ остави неизбришлив белег во Барселона, и според многу фанови, клубот требаше д…