Дома Фудбал Чави за ѕвездата на Барса: Може да биде најдобар во светот

Чави за ѕвездата на Барса: Може да биде најдобар во светот

Барселона го победи својот најголем ривал Реал Мадрид со 3:0 во пријателскиот натпревар одигран синоќа во Далас.

Головите за Каталонците ги постигнаа Усман Дембеле, Фермин Лопез и Феран Торес. Винисиус Жуниор промаши пенал за Реал, чии играчи вкупно пет пати ја погодија стативата или гредата.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Тренерот на Барса Чави Ернандез даде изјава по натпреварот.

„Играта беше изедначена. Резултатот залажува, исходот можеше да биде поинаков. Се случуваше се, од периоди кога требаше да бидеме трпеливи до периоди кога имавме посед.

Не одигравме добро или лошо, но задоволни сме со резултатот.Тоа беше Ел Класико, а тој никогаш не е пријателски“, изјави тренерот на Каталонците.

Кој е Фермин Лопез, неочекуваниот херој на Барселона?
Чави зборуваше за Лопез, 20-годишниот играч од средниот ред кој постигна фантастичен гол со силен удар во 85. минута и му асистираше на Торес за третиот.

Лопез помина низ фудбалската школа на Барса, а минатата сезона ја помина на позајмица во нисколигашот Линарес.

Тој не дебитираше за првиот тим на Барселона на официјален натпревар.

“Фермин има квалитетно завршно додавање, што ни недостигаше минатата сезона. Исто така, ни недостасуваше шут однадвор, а неговиот е исклучително добар. Немаме проблем да се потпреме на помладите играчи”, тврди Чави.

“Фермин е талентиран, игра добро со двете нозе. Може да игра на десно и лево како крило. Тој е посебен играч, желен за победа. Со оглед на тоа како тренира, морам да му дадам минути, тој ги заслужува ,” тој додаде.

„Дембеле? Не можеме да го контролираме пазарот“

Стрелец на водечкиот гол на Барселона беше Дембеле, кој се поврзува со трансфер во ПСЖ иако неговиот договор со каталонскиот клуб е до летото 2024 година.

“Сум кажал многу пати. Тој може да биде најдобар во светот на својата позиција. Имам доверба во него, како и тој во мене”, изјави Чави за францускиот крилен напаѓач.

Тој ги коментираше и гласините за трансферот на Дембеле во парискиот клуб: “Не можеме да го контролираме пазарот. Има клаузули, одлуката е на него.

Ќе видиме, никогаш не се знае во преодниот рок. Мислам дека Усман е среќен во Барселона. Ако има некакви проблеми, ќе ни кажеше. Тој досега е тука“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oдложен натпревар во Ла Лига

Натпреварот од 26. коло во шпанската Примера помеѓу Гранада и Валенсија кој требаше да се …