Дома Фудбал Чави го замени во 34. минута. Неговите солзи на крајот од мечот го обиколија светот

Чави го замени во 34. минута. Неговите солзи на крајот од мечот го обиколија светот

ПСЖ со пресврт во Барселона избори полуфинале во Лигата на шампионите.

Францускиот шампион загуби со 2:3 од Барселона во првиот четврт-финален натпревар пред своите гледачи. Во реваншот губеше со 1:0, а потоа со пресврт победи со 4:1 и продолжи понатаму.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Проблемите за Барселона започнаа во 29. минута, кога директно црвен картон доби Роналд Араухо.

Тренерот Чави потоа реши да го извади од игра напаѓачот Ламине Јамал за да го внесе дефанзивецот Иниго Мартинез. Јамал до 34. минута беше еден од најдобрите играчи на теренот и асистираше за водечкиот гол.

Шпанскиот репрезентативец беше погоден од одлуката на Чави, а поразот посебно го погоди. Тој беше снимен како плаче на крајот од натпреварот.

@tntsports Lamine Yamal was devastated at full-time after Barcelona crashed out of the Champions League 💔 #barcelona #championsleague #ucl #yamal #football #soccer ♬ original sound – TNT Sports
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Башкими го сопре Силекс, Македонија ЃП сигурна против Брера Струмица

Во 6. коло од Првата македонска лига, Башкими приреди изненадување совладувајќи го Силекс …