Дома Фудбал Чави: Ако не победуваме ќе дојде друг тренер…

Чави: Ако не победуваме ќе дојде друг тренер…

Ситуацијата на Чави Ернандез не изгледаше загрозено се до натпреварот со Барселона, но во фудбалот работите брзо се менуваат, па така беше и овојпат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чави е свесен дека ако тимот не победува тој ќе биде првиот што ќе ја плати цената.

Новинарите му поставија прашање дали би имал разбирање ако Барселона го отпушти.

„Секако, тоа е фудбалот. Треба да продолжиме, фудбалот е таков, но јас во сите ситуации сум позитивен, па така и сега. Со напорот кој го прави тимот верувам дека ќе се бориме за трофеи.

Ако не победуваме како што кажа претседателот ќе има последици, почнувајќи од мене. Доколку не победуваме ќе дојде друг тренер…Но јас ќе дадам се од себе тимот да тргне во вистинска насока“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нукасл договори замена за Ентони Гордон

Нукасл договори трансфер на левото крило на Хофенхајм, Базумана Туре, јавуваат Фабрицио Ро…