Дома Фудбал Италија Потегот кој „фрли дамка“ на победата на Јувентус: Даглас Коста го чека тешка суспензија! (видео)

Потегот кој „фрли дамка“ на победата на Јувентус: Даглас Коста го чека тешка суспензија! (видео)

Денес Јувентус запиша победа во натпреварот против Сасуоло од 2:1, двата гола на натпреварот беа дело на Кристиано Роналдо, што секако посебно ги радува навивачите на Јувентус. Сепак, непотребна дамка во победата на Јувентус остави крајно неспортскиот потег на Даглас Коста.

Имено, Коста во игра влезе во вториот дел, а во финишот од натпреварот сосема заслужено заработи исклучување.

Бразилецот влезе во непотребен судир со фудбалерот на гостите, Ди Франческо кој го испровоцира толку што Коста дури и го плукна.

Коста со сигурност поради ваквиот потег ќе заработи и дополнителна казна од раководството на Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах го дочека неверојатна вест: Ова не го очекуваше ни во најлудите сништа

Мохамед Салах само што стигна во Трабзонспор како голема ѕвезда, а веќе дојде до голема пр…