Дома Трансфер зона Црвена Звезда доведе засилување од Интер

Црвена Звезда доведе засилување од Интер

Црвена Звезда денес и официјално го претстави засилувањето од милански Интер.

Станува збор за Французинот Аксел Бакајоко кој потпиша договор на три години.

„Доаѓам во клуб кој бил европски и светски шампиони и затоа сум горд. Се радувам на соработката со Дејан Станковиќ кој веќе покажа дека е одличен тренер, баш каков што беше и како фудбалер. Чест ми е што ќе учам од него“, изјави Бакајоко на денешното претставување.

Бакајоко беше млад француски репрезентативец, вистинска прилика во Милано не доби. Одигра само еден натпревар за сениорите, повеќе играше за младиот тим.

Интер го испраќаше на позајмица во Сошо и Сент Гален.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Aко Интер го продаде Лукаку за 120 милиони евра ќе задржи само половина?

На големо во италијанските медиуми се пишува за можниот трансфер на Ромелу Лукаку во редов…