Иако Макаби беше подобар од самиот старт, Звезда успеваше да оддржува приклучок во поголемиот дел од првото полувреме.
Првиот дел беше завршен со резултат 23:16 во корист на домашните, а добрата игра на Макаби продолжи и во втората четвртина.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Звезда успеа да држи приклучок до самиот финиш на втората четвртина, Дилан Енис погоди неколку важни поени со кои ги оддржуваше црвено-белите во игра, но потоа Макаби „додаде гас“ пред заминување на одмор и стигна до убедлива предност.
Домашните во првото полувреме водеа со 47:29, а иако Црвена Звезда се обиде да се врати во третата четвртина, Макаби лесно ги опструираше таквите обиди и на крајот славеше.
Џексон ја предводеше победничката екипа со постигнати 22 поени. Кај Црвена Звезда најефикасен беше Бјелица со 13 поени.