Дома Останати Циципас со пресврт до тронот во Лондон

Циципас со пресврт до тронот во Лондон

Младиот грчки тенисер Стефанос Циципас го оствари најголемиот успех во кариерата, победувајќи го Доминик Тим во финалето на завршниот Мастерс во Лондон.

Притоа, Циципас стана најмладиот тенисер во последните 18 години кој го освоил завршниот АТП турнир.

Во првиот сет и двајцата тенисери беа успешни на свој сервис, па тајбрејкот решаваше, а во него Тим победи со 7-8.

 Циципас доби дополнителна мотивација и брзо го направи првиот брејк, а потоа и вториот, па го освои сетот со 6:2. Третиот сет исто така беше решен во тајбрејк, а на крајот подобар беше Циципас.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Комплетирани полуфиналните парови на женскиот Мундијал

На Светското првенство во ракомет за жени што се одржува во Јапонија, попладнево завршија …