Дома Останати Тенис Циципас го победи Зверев за прво Грен слем финале во кариерата

Циципас го победи Зверев за прво Грен слем финале во кариерата

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас за првпат ќе игра во финале на еден Грен Слем турнир.

Oдличниот Грк во денешното полуфинале го совлада Александар Зверев со 3:2 во сетови 6:3, 6:3, 4:6, 4:6 и 6:3. Доминантно Циципас влезе во мечот и го одзема сервисот на Зверев веќе во вториот гем и на крајот без поголеми проблеми ја сочува предноста до крајот на првиот сет кој го доби 6:3.

На отварањето на првиот сет Зверев беше одличен. Тој овој пат беше првиот кој направи брејк во вториот гем, имаше предност од 3:0, но тогаш како да застане. Зверев ги изгуби следните три гема на свој сервис, Циципас лесно завршуваше и на крајот го доби вториот сет со 6:3 за високи 2:0 во сетови.

Циципас лошо го отвори третиот сет. Зверев повторно му одзема сервис на самиот почеток, а овој пат успеа да го задржи и да го добие сетот со 6:4. Така намали на 2:1. Германецот одлично го отвори третиот сет. Новиот брејк и сигурниот сервис му обезбедија предност на самото отварање, а предноста ја држеше до самиот крај на овој сет кој го доби со 6:4 и така изедначи на 2:2.

Сепак, во одлучувачкиот сет Циципас беше подобар и на крајот се радуваше на финале. За грчкиот тенисер ова е прво финале на Грен слемовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ по освојувањето на Ролан Гарос направи фантастичен гест 🎥

Во финалниот дуел на престижниот Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ вчера го победи Стефанос Цицип…