Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Вердер Бремен го отворија новото осмо коло од Бундес лигата по репрезентативната пауза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Милионерите“ подобро го отворија натпреварот, но не успеаја да го пробие одбранбениот блок на Вердер, кој долго ја „држеше играта на нула“.
Сепак, во 67 минута Емре Џан упати одлична длабинска топка кон Јулијан Брандт, кој се најде сам пред противничкиот гол и со прекрасен финиш ги доведе „жолто-црните“ во водство.
Овој гол беше доволен за нов триумф на Борусија Дортмунд, вкупно шести сезонава во германскиот шампионат за моментно прво место со 20 бодови, пред Баер Леверкузен (19), Штутгарт (18), Баерн Минхен (17)…
После шестиот пораз, трет во низа, Вердер Бремен е на 14 позиција со шест бодови.