Дома Фудбал Италија Цела Серија А во овој преоден рок не потрошила повеќе од 10 милиони евра!

Цела Серија А во овој преоден рок не потрошила повеќе од 10 милиони евра!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Италијанската Серија А важи за една од најдобрите лиги во светот. Порано најдобрите светски фудбалери играа во Италија, а нивните клубови беа финансиски најмоќни, но тоа одамна не е случај.

Сепак, податокот кој особено ги загрижува „Аѕурите“ се парите потрошени од 20 клубови од Серија А во актуелниот дел од јануарскиот преоден рок, што е најниско од 2003 година.

Оваа зима Италијанците потрошија нешто повеќе од 9.000.000 евра за купување на нови играчи, а само Удинезе на Флуминенсе му плати 6.000.000 евра за Бразилецот Матеус Мартинс, со што покрива дури 2/3 од вложените средства за трансфери на сите клубови во лигата.

Секако, преодниот рок се уште не е завршен, а бројката би можела драстично да ја зголеми Милан кој е подготвен да потроши многу пари за фудбалерот на Рома, Никола Заниоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов проблем за Анчелоти пред полуфиналето

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Постои голема вероја…