Дома Трансфер зона Хуан Мата донесе изненадувачка одлука!

Хуан Мата донесе изненадувачка одлука!

0

Играчот на Манчестер Јунајтед Хуан Мата донел изненадувачка одлука за продолжувањето на својата кариера.

Долго време се пишуваше дека Мата има намера да го напушти Манчестер Јунајтед, како потенцијални дестинации се споменуваа Фенербахче и Галатасарај, а исто така постоеше интерес и од Барселона. Сепак, 31 годишниот Шпанец одлучи да остане „Олд Трафорд“.

Според информациите причината за ваквата изненадувачка одлука на Мата е што интересот од Барселона се намалил, па Мата одлучил да потпише нов тригодишен договор.

Во минатата сезона шпанскиот играч за врска одигра 32 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед и постигна шест голови и додаде четири асистенции. Во овој клуб е од 2014 година кога за скоро 45 милиони евра пристигна од редовите на Челзи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Севиља го сака Димитриевски, Рајо ја одби првата понуда

Шпанските медиуми пренесуваат дека Севиља покажува сериозен интерес за македонскиот голман…