Дома Македонски спорт Мак ракомет Хрватски „Вечерњи лист“ тврди: Червар заминува од Металург

Хрватски „Вечерњи лист“ тврди: Червар заминува од Металург

Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ на својата интернет страница пишува дека хрватскиот ракометен стратег Лино Черва заминува од Металург, а тимот од „Автокоманда“ во иднина ќе го предводи Александар Јовиќ.

Лино Червар се наоѓа во Загреб каде имал средба со својот помошник во репрезентацијата на Хрватска, Хрвоје Хорват и кондициониот тренер Перо Кутервцем.

На прашањето за неговата иднина во Металург тој рекол: „Немојте тоа да ме прашувате. Отоврен сум за прашањата поврзани со репрезентацијата. Оставете го Металург. Ќе останам до следно во Загреб. Имам многу работа, а малку време“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

По селекцијата во Битола, младите џудисти одат по балкански медали во Сараево

Македонската селекција до 12 години ќе се натпреварува на Балканското првенство на 24 и 25…