Дома Трансфер зона Хрватскиот репрезентативец потврди: Потпишав за Милан!

Хрватскиот репрезентативец потврди: Потпишав за Милан!

Хрватскиот репрезентативец Иван Стриниќ потврди дека од следната сезона ќе игра во дресот на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левиот бек минатата сезона играше за Сампдорија, но не го продолжи договорот со тимот од Џенова и како слободен агент ќе се пресели на „Сан Сиро“.

Стриниќ потврди дека потпишал тригодишен договор со италијанскиот гигнат.

„Сезоната заврши и можам да потврдам дека повеќе не сум фудбалер на Сампдорија. Потпишав договор на 3 години со Милан. Мислам дека трансферот ќе биде објавен после Светското првенство“, изјави Стриниќ.

„Кога решив да не го продолжувам договорот Сампдорија одлучи да не ми дозволи да играм во втората полусезона. И покрај тоа од Милан ме сакаа и среќен сум што ќе играм во еден од најголемите клубови во светот“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…