Дома Фудбал Италија Хорхе Мендеш на Јуве му ја понуди младата ѕвезда на Милан

Хорхе Мендеш на Јуве му ја понуди младата ѕвезда на Милан

Јувентус бара информации за напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, пред претстојниот преоден рок, пренесува Тутомеркато.

За Леао ова не беше најдобра сезона после неговото доаѓање од Лил бидејќи се бореше за минути и простор во нападот покрај Анте Ребиќ. Само неколку пати беше стартер и главно играше на различни позиции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај тоа, во 12 натпревари откако продолжи Серија А, четири пати ја погоди мрежата и почна да го покажува она што Милан го виде во него кога плати повеќе од 25 милиони евра.

Според она што го објави Тутомеркато имало некои контакти помеѓу Јувентус и Мендеш во врска со Леао. Во текот на разговорот португалскиот агент му го понудил својот клиент на Фабио Паратичи.

Сепак, се чини дека Милан не е подготвен да го продаде Леао, па наместо тоа ќе му даде поголема шанса во нападот на Росонерите следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дали Јамал постигнал гол во „Ел Класико“ ќе решава – шпанскиот суд!

Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправд…