Дома Трансфер зона Холанѓаните тврдат: Ван Де Бек го избрал новиот клуб!

Холанѓаните тврдат: Ван Де Бек го избрал новиот клуб!

Maнчестер Јунајтед и Реал Мадрид се бореа за потписот на Дони Ван Де Бек и изгледа во таа борба победија „кралевите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холанѓаните тврдат дека работата е завршена и дека Ван Де Бек го избрал Реал и на лето ќе го напушти Амстердам и ќе се упати кон Мадрид.

Реал минатото лето беше блиску да го доведе Ван Де Бек, но на крајот преговорите беа стопирани.

„Нема да замине оваа зима, но на крајот од сезоната ќе премине во Реал Мадрид. Бидете сигурно во тоа“, објави холандскиот медиум, „Де Телеграф“.

Ван Де Бек се уште има договор со Ајакс до 2022 година. Неодамна потпиша договор со кој доби покачување, па Реаќ е мора да плати оштета да го доведе играчот кој прикажа одлични настапи во Лигата на шампионите во претходните сезони.

Оваа сезона Ван Де Бек постигна осум голови и запиша исто толку асистенции на 26 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…