Дома Видео ХИТ ВИДЕО: Онана ги загуби нервите по лошата реакција на Мегваер

ХИТ ВИДЕО: Онана ги загуби нервите по лошата реакција на Мегваер

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа беа поразени во пријателскиот натпревар од Борусија Дортмунд со 3:2.

Натпреварот го одбележа Андре Онана, кој ги загуби нервите по лошата реакција на Хари Мегваер, а неговата реакција ги воодушеви навивачите на англискиот клуб.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Онана летово пристигна во Манчестер Јунајтед од Интер како големо засилување и јасно е дека ќе го преземе местото како прв голман.

Голманот на Камерун синоќа бранеше во второто полувреме против Дортмунд, кој во многу интересна партија успеа да победи со 3:2.

Јунајтед поведе во средината на првиот дел со одличниот гол на Далот, но на крајот од првото полувреме сличен пресврт оствари и Дортмунд кога за само две минути Мален двапати успеа да ја затресе мрежата на Коби.

На почетокот на вториот дел, Антони израмни на 2:2, но германскиот клуб успеа да победи. Решавачкиот момент се случи во 71. минута кога Ројс го искористи Моукок, кој го совлада Онана и погоди за конечни 3:2.

Сепак, главна тема на англиската јавност е токму Онана, кој имаше голем конфликт со Мегваер на почетокот на вториот дел.

Мегваер во една ситуација реагираше очајно, но на крајот Онана беше тој кој со одлична одбрана ги спаси „Црвените ѓаволи“. Тој веднаш му даде до знаење на Мегваер дека таквите грешки повеќе не можат да се толерираат.

Бесниот Онана притрча до Мегваер и го нападна за очајна грешка, а поранешниот капитен на Јунајтед само гледаше. Навивачите беа воодушевени од потегот на Камерунецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Борусија Дортмунд ослабена во реваншот против Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето …