Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, конечно, наплатија за сите порази по добри игри во последните неколку средби во АБА, па со фанатична борбеност во сите 40 минути ја совладаа фаворизираната Цедевита Олимпија (79-74).
Koшаркарите на МЗТ одиграа гладојаторски меч, се фрлаа на паркетот, гинеа еден за друг и го оставија срцето на паркет, што на крајот им донесе заслужен триумф.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен во првата четвртина, во која противникот делумно беше рамноправен, во преостанатиот дел бевме во водство, го диктиравме темпото, а во еден момент имавме и плус 14 (37-23). Љубљанчани својот квалитет го покажуваа во неколку наврати, но најмногу до изедначување, на што веднаш одговаравме со нова серија и водство кое на крајот и беше недостижно за „змајчеки“.
Јунак на вечерта беше Деандре Кук, кој во речиси првиот вистински меч во сино-белиот дрес одигра фантастично завршувајќи ја средбата со 26 поени.
Ништо помали не се заслугите ниту на Војдан Стојановски, кој имаше 18 поени со шест скока, додека двоцифрени беа и Мајк Кафи со 14 поени и Абдул-Малик Абу со 10 поени.
Следен јадрански предизвик за МЗТ Скопје е тимот на Морнар, на кој ќе му гостува следниот петок.