Дома Фудбал Англија Хендерсон нервозен не се поздрави со Клоп, па си доби лекција од Германецот

Хендерсон нервозен не се поздрави со Клоп, па си доби лекција од Германецот

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон беше нервозен поради одлуката да биде заменет на натпреварот против Јунајтед и одби да се поздрави со Клоп, по што доби лекција од Германецот.

Имено, се играше 71 минута од натпреварот, а за Клоп беше неоходно да менува. Во игра влезе Џердан Шакири, а Капитенот беше повлечен. Нервозен од одлуката, при излегување од теренот се поздрави со Шакири, но не и со менаџерот Клоп.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Клоп веднаш го повика и му одржа воспитна лекција. „Не ми пружи рака“, изјави Клоп во слободен превод притоа со прст покажувајќи му на Хендерсон да не си игра со симпатиите на тренерот.

Инаку, вечното дерби заврши без голови, а со овој бод Ливерпул се врати на лидерската позиција со бод предност пред Сити, додека Јунајтед е петти со бод помалку од Арсенал, кој со победата против Саутемптон се врати во топ 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвезда уништена и понижена: Никој не сакаше да му даде рака, го навредуваат и неговите (Видео)

Манчестер Јунајтед вечерва го победи Челси со 1:0 на „Стамфорд Бриџ“ и направи голем чекор…