Дома Фудбал Останато „Хендерсон е подобар фудбалер од Модриќ“

„Хендерсон е подобар фудбалер од Модриќ“


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Легендарниот бразилски фудбалер, Кафу изненади многумина со своето мислење дека Џордан Хендерсон е подобар фудбалер од Лука Модриќ.

За Кафу англискиот репрезентативец и капитен на Ливерпул е пред Модриќ. Хендерсон освои се што можеше да се освои со Ливерпул, додека за репрезентацијата на Англија собра 74 настап ии постигна три гола.

„Хендерсон или Модриќ? Дефинитивно Хендерсон“, кратко одговори Кафу.

Модриќ за разлика од Хендерсон зад себе има освоена Златна топка и како капитен ја предводеше Хрватска до сребро и бронза на последните два Мундијали.

Исто така Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Кафу во кариерата играше за Сао Паоло, Сарагоса, Јувентуде, Палмеирас, Рома и Милан, а за Бразил собра 142 настапи и постигна пет голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го предупреди Ноер: Тоа што го направи не му доликува!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Мануел Ноер си напра…