Дома Фудбал Хаос на Маракана: Српски навивач маскиран во обезбедување го украде знамето на Црна Гора, па настана вистински хаос

Хаос на Маракана: Српски навивач маскиран во обезбедување го украде знамето на Црна Гора, па настана вистински хаос

Србија ја победи Црна Гора (3:1) на Маракана во соседното дерби со голем влог – пласман на ЕП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Затоа околу мечот имаше големи тензии, а имаше и илјада црногорски навивачи кои дојдоа во Белград со автобуски конвој.

Откако Србија го постигна вториот гол во 73. минута, славјето на домашните и тагата на гостите го искористи еден српски навивач кој се преправи во обезбедување. Со безбедносен маркер се прикраде до оградата од кафезот на гостинските навивачи и оттаму им го украде знамето.

На тоа Црногорците возвратија жестоко. Кршеа столчиња и ги фрлаа кон српските навивачи на трибините, но и на теренот.

Навивачите на Србија возвратија извикувајќи „Шиптари!“. Така ги навредуваат Црногорците затоа што во таа држава живеат многу Албанци, а припадниците на тој народ играат за Црна Гора.

Набргу гостинските навивачи беа опколени од бројни припадници на интервентната полиција, но Црногорците не се смирија. Напротив, со факели гаѓаа и српски полицајци. Тие сепак успеаја да ги смират дивите Црногорци со тоа што го фатија крадецот на нивното знаме и им го вратија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …